Прејди на содржината

Дејствен потенцијал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дејствен потенцијал

Дејствен потенцијал (акциски потенцијал) — потенцијал на движење. Тој настанува кога до мембраната на невронот ќе дојде одредена дразба и таа ќе го потикне преминувањето на Na и K јони. Na јони од надворешната страна на мембраната преминуваат во внатрешната страна при што потенцијалот се зголемува од -90mV на -70mV, додека K јони од внатрешната страна преминуваат на надворешната страна од мембраната и се достигнува потенцијал од +35mV. Процесот што протекува при создавањето на дејствениот потенцијал се вика деполаризација.[1]

Дејствениот потенцијал започнува на дендритот на постсинаптичкиот неврон и се шири долж телото на невронот и се движи во насока накај аксонот, до синапсата на невронот, каде се ослободуваат одредени невротрансмитери кои поминуваат низ меѓусинаптичката празнина и се сврзуваат со одредени рецептори во постсинаптичкиот неврон, при што се ексцитира или инхибира дејствениот потенцијал на постсинаптичкиот неврон.

  1. Williams JA (February 1981). „Electrical correlates of secretion in endocrine and exocrine cells“. Fed Proc. 40 (2): 128–34. PMID 6257554.

Поврзано

[уреди | уреди извор]